Media and hate speech: case study of Republic of Macedonia

2015 
Медиумите, како моќни средства за масовна комуникација, имаат исклучително голема улога во промовирањето на различностите, нивното почитување, толеранцијата и рамноправноста. Но, и покрај тоа, често пати и самите стануваат промотори на јазик на омраза. Во поново време, освен преку традиционалните медиуми, говорот на омраза најде нов начин на своја манифестација – преку социјалните мрежи на Интернет, чија популарност и широка употреба овозможува одредена содржина да допре до илјаднитна публика. Во трудот се обработува говорот на омраза од аспект на негова присутност во средствата за масовно информирање, со посебен осврт на онлајн порталите и социјалните мрежи на Интернет. Целта е да се даде приказ на состојбата во Република Македонија во однос на ова прашање. Притоа, преку метод на дескриптивна анализа, поткрепен со низа примери од практиката, се доаѓа до заклучок дека во Република Македонија е забележливо присуството на злоупотреба на Интернет порталите и на социјалните мрежи, но и на другите медиуми, во насока на непочитување на различноста, ширење предрасуди, нетолеранција и стереотипи. Клучни зборови: говор на омраза, медиуми, Интернет портали, социјални мрежи.
    • Correction
    • Cite
    • Save
    • Machine Reading By IdeaReader
    0
    References
    1
    Citations
    NaN
    KQI
    []