Демотрополизација на културата низ призмата на печатените медиуми во Република Македонија

2015 
Во нашето истражување ние ќе се фокусираме на проблемот на (де)метрополизација на културата во Република Македонија како современ општествен феномен. Основно истражувачко прашање во овој труд ќе ни биде дали постои (де)метрополизација на културата и на кој начин печатените медиуми во РМ пишуваат за културните настани. Во нашето истражување поаѓаме од основната истражувачка хипотеза дека во Република Македонија во летниот период се случува (де)метрополизација на културата, односно културниот живот е поинтензивен во другите градови од државата, отколку во главниот град (метрополата) Скопје. Исто така, претпоставуваме дека сите печатени медиуми не посветуваат подеднакво внимание за културните настани. Во истражувањето ќе се примени методот на анализа на содржина на текстовите во печатените медиуми за време од три месеци (1.06.2015 до 31.08.2015. Aнализата на текстовите на печатените медиуми опфаќа шест дневни весници: "Вечер", "Вест", "Дневник", "Нова Македонија", "Слободен печат" и "Утрински весник". Ќе го анализираме бројот на регистрираните културните настани по градови во текстовите, големината на текстовите, место (рубрика) на објавување, големината на насловот, вредносна ориентација на текстот (прилогот), новинарскиот жанр и др. Клучни зборови: метрополизација, деметрополизација, печатен медиуми, култура, културен настан.
    • Correction
    • Cite
    • Save
    • Machine Reading By IdeaReader
    0
    References
    0
    Citations
    NaN
    KQI
    []