Инженерско-геолошки карактеристики на свлечиште на површински коп Бунарџик во рудникот „Бучим“ - Радовиш

2016 
Во овој труд е направен приказ на инженерско-геолошките карактеристики на свлечиште кое се наоѓа на крајните западни делови на површинскиот коп Бунарџик во рамките на Рудникот „Бучим” – Радовиш. Од литолошки аспект станува збор за амфиболско биотитски шкрилци и гнајсеви, делумно препокриени со падински материјали со многу мала моќност. Во подлабоките делови на теренот се присутни свежи амфиболско биотитски гнајсеви со поволни геотехнички својства. При истражувањето и испитувањето на теренот е применета соодветна методологија на теренски истражни работи и лабораториски испитувања за дефинирање на геотехничката состојба на теренот во зона на свлечиштето. Исто така, даден е приказ на геолошките, геомеханичките и хидрогеолошките услови на теренот во зоната на постојното свлечиште. Клучни зборови: свлечиште, површински коп, шкрилци и гнајсеви, волуменска тежина, јакост на смолкнување.
    • Correction
    • Cite
    • Save
    • Machine Reading By IdeaReader
    0
    References
    0
    Citations
    NaN
    KQI
    []