Димензионирање на потребите од механизација, стручен кадар и материјали за зимско одржување на државните патишта во Република Македонија

2016 
Краток извадок: Одржувањето на патиштата претставува работна задача со која настојуваме патот да се одржи што подолго време во состојба како при неговото пуштање во експлоатација. Структурната поделба на одржувањето на патиштата е следна: редовно, зимско, периодично (инвестиционо) и интервентно одржување. Основната цел на зимското одржување е да се овозможи непрекинат и безбеден сообраќај на сите учесници во сообраќајот. Неповолните временски влијанија кои се јавуваат во зимскиот период изразени преку ниски температури, присуство на снег и мраз на коловозната површина, можат битно да ја намалат пропусната моќ и нивото на услуга на патот, а во содејство со материјалите за зимско одржување влијаат и на трајноста на објектите на патот. Клучни зборови: Патишта, зимско одржување, материјали, сол, ризла. * XVI Меѓународен симпозиум на ДГКМ, „Современи конструкции, одржлив развој“, Охрид, 1 - 3 октомври 2015 год.
    • Correction
    • Cite
    • Save
    • Machine Reading By IdeaReader
    0
    References
    0
    Citations
    NaN
    KQI
    []