Oтсуството на глобална валута придонесе за појава на кризата и го сопира процесот на глобализација

2013 
Процесот на глобализација кој се одвиваше мошне интензивно од 90-тите години на минатиот век доживеа забавување, па и застој, во периодот на глобалната криза и , особено, во напорите за одделните национални економии да ги надминат рецесивните и стагнантните текови. Наспроти слободното движење на стоките и услугите, на капиталот и на работната сила, форсирани и од меѓународните институции (ММФ, Светска банка и СТО), по избувнувањето на глобалната криза, дојде до појави на ограничувања на веќе либерализираната трговија меѓу одделни економии, до бегство на капитал од одделни економии во домицилните, до заострување на ограничувањата за движење на работната сила. Од повеќе страни се предупредува на опасноста од јакнее на протекционизмот во меѓународните економски односи, па дури и за можни валутни војни. Веќе неколку години повеќе се говори за опасности од „деглобализација” отколку за продолжување на процесот на глобализацијата. Опседнати со решавање на сопствените економски проблеми елитите во националните економии се плашат од засилувањето на појавите на деглобализација, но превидуваат дека продолжувањето на процесот на глобализацијата не е можно без темелно реформиање на глобалните институции и политики, пред се‘, без воспоставување на глобална валута, наспроти функционирањето на неколкуте национални во функција на светски пари.
    • Correction
    • Cite
    • Save
    • Machine Reading By IdeaReader
    0
    References
    0
    Citations
    NaN
    KQI
    []