Практикум по ботаника за студентите на Земјоделски факултет (рецензиран практикум)

2015 
Овој практикум по ботаника е наменет првенствено за студентите на Земјоделскиот факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, кои во рамките на предметот Ботаника се запознаваат и ги изучуваат општите законитости и концепти за растителната клетка. Во практикумот се дадени микроскопски вежби кои треба да овозможат и помогнат во подобро разбирање на општата организираност на растителната клетка. Сите експериментални вежби содржат подготовка на нативни и користење на трајни препарати, со цел подобро запознавање на студентите со органелите на растителната клетка, ткивата и анатомската градба на вегетативните органи на растенијата. На крајот, даден е преглед за систематската припадност на најчестата плевелна вегетација во растителното производство. Практикумот по ботаника е напишан на лесен, едноставен и разбирлив јазик за студентите. Овој ракопис е составен од четири поглавја: 1. Цитологија, 2. Хистологија; 3. Анатомија на вегетативни органи и 4. Систематика на виши растенија.
    • Correction
    • Cite
    • Save
    • Machine Reading By IdeaReader
    0
    References
    0
    Citations
    NaN
    KQI
    []