Органско производство на пролетен овес: потребни сортни карактеристики

2015 
При одгледувањето на различни сорти и популации овес во Р. Македонија, ќе Ни биде овозможено да ги утврдиме разликите на морфолошките, биолошките и производствените карактеристики на испитуваните популации и сорти, при услови на органското производство. Во испитување ќе бидат вклучени најновите хрватски сорти и македонски популации пролетен овес и сорти пролетен овес од Србија. Хрватски сорти: барања, истра, купа и мура; Македонски популации: кривогаштани, требеништа, кучевиште; сорти од Србија: рајац, славуј и ловќен. На површините на УГД Земјоделски факултет во Струмица, ќе бидат поставени полски опити по случаен блок систем во четири повторувања, со димензија на основна парцелка од 5 m2, 10 реда во парцелка на растојание од 10 cm ред од ред при органско производство. Со анализата на испитуваните сорти и популации и нивните карактеристики, може да се утврди која сорта и популација е најсоодветна за органско производство за овој или други производни реони со слични почвено-климатски услови, кои ќе бидат најпогодни и ќе гарантираат високо и сигурно производство.
    • Correction
    • Cite
    • Save
    • Machine Reading By IdeaReader
    0
    References
    0
    Citations
    NaN
    KQI
    []