Информатички системи во угостителството и туризмот - практикум

2016 
Практикумот е наменет за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за изготвување на вежбите и подготвување на испитот по предметот Информатички системи во угостителството и туризмот. Овој предмет се изучува на насоката Туризам како изборен предмет во четвртиот семестар на втора година, носи четири кредити и има фонд на часови 2+1+1. На насоката Гастрономија, исхрана и диететика се изучува како задолжителен предмет во четвртиот семестар на втора година, носи шест кредити и има фонд на часови 2+2+1. Содржината на практикумот ја опфаќа потребната материја за вежбите по предметот Информатички системи во угостителството и туризмот, според наставната програма на Факултетот за туризам и бизнис логистика. Предметната програма по предметот Информатички системи во угостителството и туризмот е составена од 12 предавања.
    • Correction
    • Cite
    • Save
    • Machine Reading By IdeaReader
    0
    References
    0
    Citations
    NaN
    KQI
    []